Марсело веќе подолг период е желба на Јувентус, па никого не би требало да изненади доколку Бразилецот на лето се пресели од Мадрид во Торино.
Според шпанска „Марка“ поддршка за таквиот трансфер има и од Кристијано Роналдо кој, се чини, дека вложува максимални напори кај управата на „старата дама“ за ангажман на бразилскиот лев бек.
„Марка“ во образложението на веста наведува дека и Маурисио Сари го почитува Марсело и дека покрај левата аут линија засега има само едно решение – Алекс Сандро.
Марсело е во Реал Мадрид од 2007 година. На „Бернабеу“ пристигна од Флуминенсе и оваа сезона одигра 11 меча за „кралскиот“ клуб во Примера.