Јувентус им дозволил на своите играчи да ја напуштат Италија

Од:

Јувентус објасни дека им дозволил на некои од своите играчи да ја напуштат Италија. Оние кои се вратиле во нивните земји го прекинале карантинот, откако дале негативни резултати за инфекција со коронавирус.

Претходно се појавија информации дека Гонзало Игуаин направил обид да се врати во својата татковина, а потоа и такви дека успеал. Миралем Пјаниќ и Сами Кедира, исто така, ја напуштиле земјата. Тројцата беа во изолација откако соиграчот Даниеле Ругани се тестираше позитивен на 11-ти март.

Една недела подоцна, тие дадоа примероци и тестовите биле негативни, па клубот им дозволил да одат кај нивните семејства во родната земја. Игуаин доби специјална дозвола затоа што неговата мајка била болна и „бјанконерите“ му помогнале при неговото патување од Италија.

Ѕвездата на тимот, Кристијано Роналдо веќе некое време е во Португалија за да биде близу до својата мајка. Сепак, тој замина пред забраната за патување од Италија.

Ругани не е единствениот заразен играч на Јуве, откако Блеиз Матуиди даде позитивен тест на 17 март.

Иако заминатите играчи не се заразени, во Италија се појавија критики во време кога целата земја е блокирана и луѓето не излегуваат од своите домови.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски