Претседателот на Авганистан, Ашраф Гани положи заклетва за да ја преземе функцијата за втор мандат, но премиерот Абдула Абдула одби да ја признае церемонијата како валидна и, исто така, положи заклетва.
На пренос на телевизија се гледа како Гани положува заклетва во претседателската палата во Кабул.
На церемонијата се присутни голем број странски дипломати, меѓу кои и специјалниот претставник на САД за Авганистан, Залмај Калилзад.
Абдула Абдула се кандидира за претседател и ги оспорува изборите.
Тој ја одржа својата церемонија во исто време како и неговиот ривал за функцијата. Ова покажува дека преговорите за решение не успеале, нагласуваат западни медиуми.