Во чест на одбележувањето на светскиот ден на аутизмот, денеска во името на градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, претставници на одделението за образование ги посетија учениците во паралелките за аутизам кои работат во состав на основното општинско училиште „Сандо Масев“.
На средбата тие ги испорачаа поздравите на градоначалникот со желба за нивно напредување во образовно воспитниот процес и им подарија пригодни подароци. Истовремено, претставниците на одделението за образование одржаа и средба со родителите на децата со аутизам при што беше констатирано дека учениците со аутизам преку можноста да следат настава со посебна програма и соодветен стручен кадар, постигнуваат одредени резултати, а тоа се должи пред се на организираното образование во општина Струмица за деца и со тој вид на попреченост во развојот.
На денешната средба, по препорака на градоначалникот Заев е направен увид за потребите на нагледни и други средства во наставата, а кои во наредниот период ќе бидат обезбедени од страна на општината. Инаку, Струмица е прва и единствена општина во Република Македонија која со максимална поддршка на градоначалникот Зоран Заев, отвори и комплетно опреми паралелки за деца со посебни образовни потреби.
Во трите паралелки има вкупно 13 деца со аутизам од Струмица и од општините во регионот.