„Г7“ ќе расправа за влијанието на коронавирусот врз економскиот раст

Од:

Земјите од „Г7“ ќе преземат координирани акции за да го ограничат влијанието на коронавирусот врз економскиот раст, изјави францускиот министер Бруно Ле Мер, кој најави дека министрите за финансии на „Г7“ за ова прашање ќе разговараат во текот на неделава.

-Реакциите ќе бидат ускладени. Вчера разговарав со претседателот на „Г7“ и неделава ќе имаме телефонски состанок за да ги координираме акциите, рече Ле Мер за француската телевизија.

Тој додаде дека и министрите за финансии од еврозоната, исто така, меѓу себе ќе комиуницираат, како и дека ќе разговараат со шефицата на Европската централна банка, Кристин Лагард.

-Мораме да постапиме така што влијанието на коорнавирусот, што ќе го погоди економскиот раст, да биде лимитиран колку што е тоа можно, рече Ле Мер.

Би можело да ве интересира

Членките на Г7 заклучија: Мoсква останува „единствената пречка за праведен мир“ за Украина

Земјите од Г7 размислуваат како да и помогнат на Украина со замрзнатите руски средства

Пекинг ги обвини земјите од Г7 дека соработуваат за да ја „клеветат и нападнат“ Кина

Горан Наумовски

Стигна реакцијата на Русија на „хистеричниот“ самит на Г7

ВИДЕО: Зеленски во Хирошима допатува со воен авион на француската влада

Медведев се закани дека ќе го раскине договорот за жито доколку Г7 го забрани извозот во Русија

Ана Ололовска