Од денеска, во следните шест месеци Кипар ќе претседава со Европскиот совет. Првпат Европската унија ќе биде раководена од толку мала држава, чие население е околу 800.000 жители, а бруто домашниот производ на земјата е само 0,2 проценти од вкупната економија на еврозоната.
Кипарското претседателствување е во многу сложен период за Европа, како што е финансиската криза, од која е зафатена и земјата претседавач. Кипар минатата недела побара финансиска помош од европските партнери и од Меѓународниот монетарен фонд за рекапитализација на банкарскиот сектор.
Првпат во историјата на ЕУ, претседавач ќе биде земја што самостојно не може да ги реши своите финансиски проблеми.
Официјалната церемонија на преземањето на претседалствувањето ќе се одржи на петти јули во театарот на античкиот град-држава Курион, на брегот на Средоземно Море.
Кипар се стекна со независност од Велика Битанија во 1960 година, а во 1974 година Островот е поделен на два дела, по инвазијата на Турција.