Бесплатна контрацепција за девојките од 15 до 18 години во Франција

Од:

Младите девојки во Франција на возраст од 15 до 18 години од вчера бесплатно добиваат контрацептивни таблети во апотеките со рецепт од лекар и со картата за социјално осигурување на своите родители, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Оваа мерка, донесена од министерот за здравство, ќе се применува за контрацептивните таблети од првата и втората генерација и има за цел да се олесни пристапот на малоелтниците до контрацепцијата за да се избегнат намерните прекинување на бременоста, кои Во Франција ги има околу 12 000 годишно.

Мерката се однесува и за другите форми на контрацепција.

Се досега таблетките беа главната контрацептивна мерка во Франција, која од социјалното осигурување е покриена во износ од 65 проценти од продажната цена. Таа може да им биде издадена бесплатно и на анонимен начин на малолетниците во центрите за семејно планирање.

Пред да се добие бесплатната контрацептивна таблета во Франција, потребно е девојката да биде прегледена од општ лекар, кој им ги препишува на рецептите и според анализата на крвта ќе ја прилагоди контрацептивната мерка.

Во 2011 година социјалното осигурување потрошило шест милиони евра за контрацепција за малолетничките, новата мерка за целосна бесплатност на контрацепцијата би требало да чини дополнителни пет милиони евра.

Според испитувањата направени во Франција од Институтот за демографски студии, контрацептивните таблети се главното контрацептивно средство во Франција. Но, нивното користење од пред десетина години се намалува, посебно кај девојките на возраст од 18 до 19 години, кои почесто користат презерватив или други контрацептивни мерки, како импланти, маркици, вагинални прстени.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток