Арктичкиот поларен круг најверојатно во следните неколку децении нагло ќе озелени, додека ледените плочи на Антарктикот ќе се шират, како последица од глобалното загревање, се вели во две одвоени научни студии.
На арктичкиот поларен круг, трева, грмушки и дрва се повеќе ќе се појавуваат, потиснувајќи го мразот, поради глобалното загревање, се вели во студија објавена во Нејчер климат чејнџ.
Области со шума на Арктикот може да се прошират дури до 52 отсто до 2050 година, додека „линијата на дрвјата“, максимална до која дрвја може да растат – може да се прошири на уште стотина километри на север, се вели во компјутерска симулација направена врз основа на студијата.
– Такво ширење на арктичка вегетација може да има големо влијание врз затоплувањето и глобалниот екосистем, вели Ричард Пирсон од американскиот Центар за историја и природа.
Независна студија на холандски научници покажува дека над Антарктикот се шират ледените плочи. Водата која минува низ Антарктикот создава заштитен „капак“ за ледените плочи бидејќи е слатка за разлика од морската која е погуста, објави холандскиот Кралски метеоролошки институт.