Француските војници во Мали почнаа денеска со предавање седум тони оружје на владините сили на таа држава запленети во поранешни бази на џихадисти на североисток.
Армијата на Мали презеде прва испорака од околу три тони оружје во главната француска воена база во Гау, најголем град на север во државата кој девет месеци беше под окупација на исламистички групи.
– Само 15 до 20 отсто од она што е пронајдено може повторно да се користи, изјави француски офицер.
– Останатиот дел е уништен, додаде тој.
Извори наведуваат дека станува збор за муниција, проектили, гранати и ракети. Исламистичката група Ансар Дине со помош на северноафриканско крило на Ал Каеда зазеде голем дел од мали минатата година и тоа беше причина за воена интервенција во Мали.