Вооружени напаѓачи фрлија денеска бомба и отворија оган врз основно училиште во Карачи, на југот на Пакистан, убивајќи го директорот додека осум ученици се повредени, соопшти пакистанската полиција.
Децата биле на возраст од пет до десет години, а директорот бил член на Авами националната партија во која претежно членуваат паштунски имигранти од северозападот на земјата, додаде полицијата.
Напаѓачите побегнале со мотори, а никој не ја презеде одговорноста за нападот. Полицијата покренала истрага за нападот.
Во меѓувреме, бомбаш-самоубиец нападна полициска патрола на еден пазар во Каталанга, 50 километри североисточно од Пешавар. Во нападот загинал еден полицаец, додека ранети се шест лица.