Лажниот адвокат на Садам Хусеин и на Милошевиќ осуден во Лондон

Од:

Лажниот британски „адвокат“ од италијанско потекло Џовани ди Стефано, кој се претставуваше дека бил правен советник или дел од правниот тим на Садам Хусеин и на Слободан Милошевик, е осуден од судот во Лондон на 14 години затвор.

Ди Стефано беше обвинет за дури 25 разни кривични дела, меѓу кои и за фалсификување, за измами и за перење пари, сите извршени во периодот меѓу 2001 и 2011 година.

Во британската јавност тој беше познат како „адвокатот на ѓаволот“, затоа што го претставуваше крупниот криминал во Велика Британија, како и поради измамите и маките што им ги нанесе на стотици луѓе.

При изрекувањето на пресудата судијата го нараче Ди Стефано „голем измамник кој на душа носи“ многу обични луѓе, кои имаат преживеано тешки стресови поради мизеријата во која се нашле по загубата на парите кои му ги давале на лажниот адвокат. Меѓу измамените е и еден инвалид кој загубил 150 илјади фунти, верувајки дека  „адвокатот“ Ди Стефано ќе му помогне да наплати отштета за несреќата во која останал без една рака. Во текот на судењето беше обелоденето дека со измами и со „матни“ зделки Ди Стефано заработил повеќе милиони фунти.

На луѓето им зборувал дека го застапува Рони Бигс, еден од главените крадци во големиот грабеж на пари од поштенскиот воз  од пред 50 години на линијата меѓу Глазгов и Лондон, дека бил меѓу адвокатите од правниот тим на ирачкиот диктатор Хусеин во текот на неговото судење во Багдад, дека бил меѓу правниците кои го застапуваа поранешниот српски претседател Милошевик во Хаг и дека е пријател со неговата ќерка, како и дека бранел на суд низа  тешки криминалци и убијци во британските судови.

Судот утврди дека Ди Стефано нема квалификации за правна работа и дека не е регистриран да биде адвокат, ниту во Велика Британија, ниту во Италија. Тој е роден во Италија, но како дете со родителите се преселил во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски