Серена го доживеа својот прв пораз во сингл во кариерата на ФЕД Купот

Од:

Серена Вилијамс го доживеа својот прв пораз во сингл во кариерата на ФЕД Купот, но Соединетите држави победија со 3:2 над Летонија во Еверет, Вашингтон и се квалификуваа во финалето на неофицијалното Светско првенство во тенис во Будимпешта во април. Домаќините имаа предност од 2-0 по првиот ден, но Елена Остапенко ја победи шампионката од Австралија опен, Софија Кенин со 6: 3, 2: 6, 6: 2, додека Анастасија Севастова ја изненади Вилијамс со 7: 6 (5). 3: 6, 7: 6 (4) за да го израмни резултатот.

Тоа беше првиот пораз за Серана на турнирот, откако досега ги освои сите свои 14 меча во сингл. Па така, победникот требаше да се реши во мечот во двојки, во кој Кенин и Бетани Метек-Сендс триумфираа над Остапенко и Севастова со 6:4, 6:0.

Русија се квалификуваше за финалето во Унгарија по успехот од 3:2 над Романија во Клуж, како и Белорусија, која победи со ист резултат против Холандија во Хаг, и Словачка, елиминирајќи ја Велика Британија со 3:1 во Братислава.

На тој начин веќе се познати сите 12 екипи кои ќе го одредат новиот шампион на Фед Купот. Тоа се Франција, Австралија, Чешка, Унгарија, Шпанија, Германија, Швајцарија, Белгија, САД, Русија, Белорусија и Словачка.

Во конкуренција за титулата во Будимпешта со награден фонд од 18 милиони долари, тимовите ќе бидат поделени во четири групи од по три екипи, а победниците во нив ќе се квалификуваат во полуфиналето.

Би можело да ве интересира

Барти триумфално ја почна тениската година

Ана Ололовска

Осака за амбициите во 2022 година: Никогаш повеќе да не плачам на прес-конференции

Ана Ололовска

Полуфиналистката на Австралија опен, Мухова, ќе го пропушти турнирот во 2022 година

Ана Ололовска

Ема Радукану избрана за спортска личност на годината на „Би-Би-Си“

А1он

Барти и Осака во јануари се враќаат на тениските терени

А1он

ВТА ја избра Барти за тенисерка на годината

А1он