Дали сте маж кој сака да ја користи социјалната мрежа „Пинтерест“, но не може да замисли да минува низ огромен број венчаници, слатки и розови предмети, со цел да го најдете она што го интересира? Затоа е создаден „Ментереситинг“.
Новата веб страница им овозможува на корисниците да споделуваат фотографии кои им се допаѓаат.
Исто така, не постои класичен „лајк“ туку „бумп“ (поздрав со тупаница), а моментално на оваа мрежа се споделени над 75.000 фотографии. Меѓу нив се наоѓаат слики на колиби во шума, куќи на дрво, шеги кои вклучуваат конзумирање на пиво и понекоја слика од оружје.
Секако, тука има и голем број фотографии со атрактивни девојки, а се верува дека нивниот број значително ќе се зголеми со порастот на бројот на корисници.