Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) се согласила да обезбеди техничка помош, а од грчката постоела страна целосна политичка заложба дека предлозите ќе бидат имплементирани во целост, а во случај на прекршување на донесените правила, тимовите ќе бидат избркани од европските натпреварувања, е исходот од дводневните средби на државниот министер на Грција, Јоргос Герапетритис со претставниците на ФИФА и УЕФА, брифираат грчки владини извори, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации, на средбите во Швајцарија било констатирано дека за темите за кои што се дискутирало во основа постои иста перцепција.
По завчерашната средба на Герапетритис со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, се очекува во следниот период, првиот човек на европската фудбалска федерација да ја посети Грција за да понуди техничка помош за рестартирање на грчкиот фудбал.