Интернетот во целиот свет денес беше поспор, отколку што е, а експертите сметаат дека тоа е последица од најголемиот сајбер-напад во историјата.
Последниот сајбер-напад погоди бројни сервиси, но експертите стравуваат дека на удар може да се најдат и бројни банкарски налози.
Во моментов пет компании од различни европски земји го истражуваат нападот, па почнуваат и судирите за тоа кој се крие зад случувањето.
Како што пренесува „Би би си“ непрофитната организација „Spamhaus“, со седиште во Лондон и Женева, им помогнала на и-меил провајдерите да ги заштитат своите корисници од спамови и останати пораки со небезбедна содржина.
Свен Олаф Камфуис кој што тврди дека е претставник на „Cyberbunkera“, соопшти дека „Spamhaus“ ја злоупотребува својата положба и дека не треба таква организација да одлучува за тоа која содржина ќе дојде до корисниците.
Како одговор на ова обвинение од „Spamhaus“ тврдат дека токму „Cyberbunker“ е соработник со криминалните хакери од источна Европа и Русија, за организираниот напад кој денес, барем на кратко предизвика да има поспор интернет ширум планетата.
Елена Георгиевска