Секој ден се појавуваат нови гласини во врска со долгоочекуваниот мобилен телефон Моторола Х. За разлика од претходните тврдења дека станува збор за цела линија апарати, сега се појавуваат спецификации кои се однесуваат на само еден телефон, кој би можел да биде претставен во ноември.
Неименуван извор тврди дека дека Моторола Х ќе има 4.8 инчен дисплеј со екран од сафир, кој е трипати поцврст од Горила Глас.
Другите спецификации вклучуваат квад кор Qualcomm Snapdragon 800 CPU на 2GHz и батерија од 4.000 mAh.
Изворот, исто така, тврди дека телефонот ќе биде водоотпорен со дизајн кој ќе подразбира задна страна направена од карбонат и агли заштитени со гума.
Доколку се точни овие информации, Моторола Х би можела да биде импресивен телефон.