Британската полиција ги уби денеска четирите агресивни кучиња од куќата, каде што претходно беше најдено мртвото тело на 14-годишно девојче, кое по се изгледа беше искасано од кучињата.
Полицијата го откри телото на девојчето во куќа, во местото Атертон во близина на Манчестер, по добивањето на повик дека во куќата има бесни кучиња и дека една тинејџерка е без свест, пренесува АП.
Претставничка од полицијата рече дека повредите на телото на девојчето укажуваат дека ја нападнале кучињата, иако точната причина за смртта не е утврдена.
Полицијата соопшти дека нејзините припадници “на хуман начин уништиле” четири кучиња и дека ќе ги прегледааат во оквир на истрагата.
Во куќата каде што беше пронајдено мртвото девојче немало никој друг, а се верува дека таа дошла тука во посета, пренесува АП.