Саудискиот крал Абдула бин Абдул Азиз нареди започнување на проширувњето на џамијата на Пророкот во Медина, а според проектот на крајот од работите храмот ќе може да прима дополнителни 1,6 милиони верници, изјави саудискиот министер за финансии, Ибрахим ал-Асаф за агенцијата SPA.
Во моментов, вториот според значајноста по џамијата во Мека, муслимански храм на вкупната површина што ја зафаќа може да прими до 1,5 милиони верници во исто време.
„Проектот на кралот Абдула бин Абдул Азиз за проширување на џамијата на Пророкот ќе се спроведува во три фази. На крајот од првата фаза џамијата ќе биде во можност да прима дополнителни 800 илјади верници. Втората и третата фаза од градежните зафати ќе се извршуваат на западните и источните делови од џамијата и храмот ќе може да прими уште 800 илјади верници”, изјави за агенциајта саудискиот министер за финансии Ибрахим ал-Асаф.
Според Ал-Асаф, новото проширување ќе биде најголемото во историјата на оваа џамија, чијашто површина досега е 100 пати зголемувана од нејзиното градење меѓу 704 и 709 година на местото на коешто според преданието бил домот на пророкот Мухамед, а ќе треба да обезбеди „најдобра можна услуга за верниците и посетителите на џамија”.. Колку ќе чини целиот проект не е соопштено
Минатата година, саудискиот крал го одобри почетокот на проширувањето на главниот муслимански храм – Масџид ал-Харам џамијата (забранета) во Мека.