Брајант и Коељо пишувале заедничка книга за деца

Од:

Трагично починатиот поранешен НБА-кошаркар Коби Брајант и Пауло Коељо работеле на заедничка книга за деца, но бразилскиот писател ги избриша нацрт книшките по смртта на Брајант во хеликоптерската несреќа, јавуваат западните медиуми.

Коељо (72) тврди дека тој и Брајант (41) разговарале за тој проект уште од 2016 година, кога петкратниот НБА-шампион со Лос Анџелес Лејкерс се прости од својата 20-годишна кариера. Книгата почнале да ја пишуваат пред неколку месеци.

Меѓутоа, Коељо, како што вели, не сака да ја заврши без својот партнер.

– Го избришав нацртот, оти не гледам никаква смисла во објавувањето книга без него. Тоа не би значело ништо релевантно ни за него, ни за неговото семејство, изјави Коељо, кој живее во Женева. – Тоа не значи дека еден ден нема да пишувам за нештата кои ги научив од Коби и за тоа како тој беше човек поголем од животот… Сепак, книга за деца повеќе нема смисла, уште еднаш нагласи тој.

Познатиот бразилски писател, чиишто книги се продадени во десетици милиони примероци ширум светот, рече дека идејата за книгата била – како да се инспирираат децата од загрозени семејства, односно оние од пониските слоеви на општеството, низ спорт да се изборат за своето место во светот.

„Гранити Студиос” на Брајант објави повеќе романи за средношколци и младинци, а 2018 година и неговата автобиографија „Менталитетот на Мамба: Мојата игра“ (The Mamba Mentality: How I Play). „Мамба“ е прекарот на Брајант.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Емотивен говор на вдовицата на Коби, Џордан едвај се воздржа да не заплаче

Ана Ололовска

Мистеријата за гробот на Коби: Никој не знае каде е закопан, човек уапсен за копање на погрешно место

Ана Ололовска

Помина една година од смртта на легендата на НБА, Коби Брајант

Ана Ололовска

Лејкерс петтиот натпревар од финалната серија ќе го играат во дресови посветени на Коби Брајант

Ана Ололовска

Лејкерси ќе носат специјален дрес во чест на Коби

Ана Ололовска

Коби Брајант постхумно награден за хуманизам

Ана Ололовска