Австралија опен: Ѓоковиќ ќе игра 45. гренд слем четврт-финале

Од:

Новак Ѓоковиќ по 45. пат во кариерата ќе игра четврт-финале на гренд слем турнир, во случајот на Австралија опен. Најдобриот српски тенисер во осминафиналето, по нешто повеќе од два часа игра, го елиминира Диего Шварцман од Аргентина со 6:3, 6:4, 6:4. Негов нареден ривал во Мелбурн ќе биде Канаѓанецот со црногорско потекло Милош Раониќ.

Ѓоковиќ во првото коло триумфира над Јан Ленард Штруф од Германија со 7:6, 6:2, 2:6, 6:1, во второто го порази Јапонецот Тацума Ито 6:1, 6.4, 6:2, а во третото беше подобар и од Јошихито Нишиока со 6:3, 6:2, 6:2.

Раониќ, пак, во осминафиналето го победи Хрватот Марин Чилиќ со 6:4, 6:3, 7:5.

Тунижанката Онс Жабер продолжува со одличните партии на Австралија опен. По триумфот над Каролина Возњацки во третото коло, таа славеше и над Кинеската Чанг Ванг со 7:6, 6:1 Софија Кенин излезе како победничка од американскиот дуел со Коко Гоф (6:7, 6:3, 6:0), а пласман меѓу најдобрите осум кај дамите обезбеди и Петра Квитова по победата над Марија Сакари од Грција 6:7, 6:3, 6:2.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На местото каде што го апсеа, на Ѓоковиќ му приредија нешто што ќе памети

Ана Ололовска

Ѓоковиќ по десетти пат е крал на Мелбурн

Ана Ололовска

Надал поразен во второто коло на Австралија Опен

Ана Ололовска

Ѓоковиќ пристигна во Австралија, но визата му е одбиена

Ана Ололовска

Австралиските власти бараат докази од Ѓоковиќ за медицинската потврда

Ана Ололовска

Ѓоковиќ доби медицинска потврда за ослободување од вакцина и полета кон Австралија

Ана Ололовска