Масакрот кој го изврши Норвежанецот Андерс Брејвик ќе биде прикажан во музичко шоу, кое го пишува познатиот британски писател Дејвид Грег.
Брејвик уби 69 луѓе на островот Утоја и уште осуммина во Ослово во 2011 година. Грег отпатува на островот три месеци по масакрот за да го истражи случајот, заедно со режисерот Рамин Греј.
Приказната зборува за жена која се обидува да го најде одговорот на политички и расно мотивираните убиства.
Музиката за претставата ја компонира Џон Браун, а ќе ја пее јавен хор.
Грег и Греј разговарале со членовите на семејствата и пријателите на убиените и одлучиле дека Брејвик не треба да биде именуван во мјузиклот, а целата приказна ќе биде префрлена во Шкотска.