Секое дете најмалку еднаш „забило“ валкана топка во ѕид, а еден полски уметник со истата метода ги наслика портретите на најдобрите фудбалери на денешнината.
Ендрју Леонард првите „потези“ на платното ги направи шутирајќи фудбалска топка во сликарско платно, а потоа ја зеде топката в раце и ги вообличи контурите. Иако на почетокот се изгледаше како обично шутирање на топка, на крајот се родија портретите на Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
– Се занимавам со различни видови уметност, а ова е само експеримент. Ги направив портретите заради забава и сакам да ги истражувам новите можности. Меси и Роналдо ми изгледаа како логичен избор, бидејќи тоа се хероите на модерното време, вели Леонард.