Истражувачите од Универзитетот во Кембриџ произведоа виртуелна човечка глава која зборува и е во состојба на барање реално да покаже човечки емоции.
Името на оваа виртуелна глава е Зои, а таа може да служи и како компјутерски личен асистент, кој на глас чита пораки кои ќе ги добиете, пишува на интернет страницата на Универзитетот на Кембриџ.
Оваа технологија може да претставува почеток на целосно нова генерација на интерфејс, кој овозможува комуникацијата меѓу луѓето и компјутерите да наликува на разговор со човечко битие.
Зои може да покаже емоции како што се среќа, гнев и страв, а гласот може да го прилагоди на било кое чувство за кое корисникот ќе посака симулација. Корисниците исто така можат да напишат каква било порака, а дигиталната глава може да ја прочита со соодветна емоција.
Според творците на оваа технологија, се работи за најреалистичен аватар било кога направен, кој човечките емоции ги прикажува реално и без преседан.
Овој систем е резултат на соработка на научници од Истражувачката лабораторија на Тошиба при Кембриџ и Секторот за инжинеринг во Универзитетот Кембриџ.
Текстурата на виртуелната глава е позајмена од глумицата Зои Листер, која е позната од британската серија Холиоакс.