Половина од предвидените натпреварите од првиот ден на Грен слемот Австралија опен беа одложени за утре поради дожд. Во текот на денешниот ден ќе се одиграат само 32 од 64 закажани меча.
Сега натпреварите се одвиваат само на три терени опремени со кровови што се затвораат, додека само 17 од 49 средби се одиграа на отворени терени.
Така, утре треба да се одиграат дури 96 натпревари.
Поради ова, за половина час е поместен и почетокот на програмата. Денот ќе почне во 10:30 часот наместо првичниот термин 11 часот по локално време.