МЗШВ: Јаји пријавил несоодветен број садници во однос на големината на катастарските парцели

Од:

Земјоделецот Екрем Јаји никогаш не бил спречен да влезе во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Вратите на МЗШВ се секогаш отворени за сите земјоделци. Јаји може слободно да дојде со сите документи и записници, да поднесе и жалба ако сака, за конечно вистината да излезе на виделина и да се види дали некој си поигрува и манипулира со земјоделците.

Ова е реакцијата на МЗШВ откако Јаји денеска уште еднаш изјави дека се уште не го добил обесштетувањето за поплавите во 2016 година. Јаји обвини дека никој од надлежните, ниту министерот за земјоделство не сакал да го прими и да му објасни зашто доцни исплатата. Најави и дека ако не успее тука, правдата ќе ја бара во Стразбур.

Според МЗШВ, земјоделецот Јаји пријавил несоодветен број садници во однос на големината на катастарските парцели.

– Министерството за земјоделство во рамки на своите надлежности има постапено по барањето на земјоделецот. Целокупната документација е доставена до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Од страна на Платежната агенција е утврдено дека земјоделецот има пријавено несоодветен број садници во однос на големината на катастарските парцели. Од овие причини е побарано дополнителен инспекциски надзор од Државниот инспекторат за земјоделство. Инспекцискиот надзор на парцелите е направен од страна на инспекторот Марјан Атанасов од Државниот инспекторат за земјоделство, кој сега е ангажиран во Кабинетот на дополнителниот заменик-министер Трипуновски. Меѓу другото, токму од страна на Атанасов е констатирано дека странката има и узурпирано државно пасиште кое граничи со катстарските парцели за кои бара обесштетување, а на кое има посадено соодветен број овошни садници. За ова на странката и е извршена постапка за едукација за сторен прекршок. Записникот од извршениот инспекциски надзор е пратен до Платежната агенција и тоа е една од причините поради кои сé уште не е извршена исплата на обесштетување на странката, за што се води и судски спор, објаснуваат од Министерството за земјоделство.

МЗШВ апелира да не се манипулира со земјоделците и тие да не се користат за партиско-политички цели.

– Ние сме секогаш транспарентни и отворени за комуникација со земјоделците и за решавање на секој поединечен проблем, нагласуваат од Министерството.

Екрем Јаји, земјоделец од Арачиново, денеска втор пат реагираше откако на 10 јануари прв пат јавно соопшти дека не му е исплатено обесштетувањето од катастрофалните поплави во 2016 година. Уништени му се, како што рече, околу 600 овошки за кои треба да добие 10.000 евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата