Папата Френсис има денеска приватен ручек со својот претходник Бенедикт, прва средба од ваков вид која е направена за повеќе од 600 години, барем не постои јавен документ за таква средба, јавува Би-Би-Си.
Папата Френсис пристигна со хеликоптер во Кастел Гандолфо, најпрво на разговори со Бенедикт во библиотеката на летната резиденција, но повеќе детали не се соопштуваат, со оглед на фактот што официјален Ватикан нагласи дека се работи за приватна средба и соопштение за јавност не е планирано.
Сепак, има информации дека Бенедикт подготвил личен меморандум за Папата Френсис, кој опфаќа чувствителни теми како аферата Ватиликс, во која се наоѓаат корупциските и педофилските скандали со кои католичкиот свет стана разнишан и со тоа и авторитетот на Ватикан и самиот папа.