МЗШВ: Во тек четири јавни повици за давање закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека се во тек вкупно четири јавни повици за давање закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. Последниот ден за поднесување пријави за учество на јавниот повик е 22 јанаури 2020 година.

Како што соопшти МЗШВ, првиот јавен повик за доставување понуди за давање закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини е во следните региони: Врапчиште, Гостивар, Тетово, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Ресен, Демир Хисар, Гази Баба, Кисела Вода, Чаир, Карпош и Куманово.

Вториот јавен повик за доставување понуди за давање закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост е за сите катастарски општини во следните региони: Битола, Македонски Брод, Виница, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Кратово, Кавадарци, Росоман, Неготино, Пробиштип, Радовиш и Велес.

Третиот јавен повик за доставување понуди за давање закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини во следните региони: Берово, Пехчево, Валандово, Гевгелија, Струмица, Прилеп и Штип.

Четвртиот јавен повик за доставување понуди за давање закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини во регионите Кавадарци, Росоман, Неготино, Ресен, Струга и Струмица.

Предмет на постапката на овие повици може да биде земјоделско земјиште во државна сопственост над кое нема подигнато насад, врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп.

Предмет на понудата согласно овој јавен повик може да биде само земјоделско земјиште кое не е предмет на тековни јавни огласи објавени на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанството.

Површината за која што може еден понудувач самостојно со геодетски елаборат да достави понуда и да ја добие по јавниот повик (за една, повеќе или дел од катастарска парцела) изнесува најмногу до три хектари.

– За разлика од огласите во кои Министерството ги објавува расположливите парцели, со овие јавни повици, земјоделците имаат можност самоиницијативно да пројават интерес преку изготовка на геодетски елаборат и прибирање на сите потребни документи пропишани со јавниот повик, за земјиште за кое имаат информација дека е слободна земја. Целта на овие јавни повици е да се стави во функција целото расположливо земјоделско земјиште, вклучително и оние парцели што не се актрактивни. Земјиштето може да се искористи за подигање на долгогодишни насади, оранжерии, долгогодишни насади со лешник, маслинарници, други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за брзо растечки дрвја, за рибници и за спортско-рекреативни активности и рурален туризам, се вели во соопштението.

МЗШВ на овој начин, како што се наведува, создава поволни услови за сите земјоделци кои се занимаваат со земјоделство и за оние што сакаат да го прошират своето производство или да започнат агробизнис, да дојдат до земјоделско земјиште.

– Истовремено, преку ваквиот тип на повици директно се зголемуваат обработливите земјоделски површини. Сите заинтересирани земјоделци детално може да се информираат за овие повици на официјалната страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, кадешто може да го пополнат и својот образец, стои во соопштението од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата