Во сообраќајна несреќа во источниот дел на Пакистан утрово загинаа најмалку 32 патници, а 35 се повредени, до која дојде кога автобусот, поради пребрзо возење, се преврте на автопатот.
Високиот полициски финкционер Зулификар Чима изјави дека несреќата се случила во близина на градот Шеикур, а прижината, нејверојатно, е негрижа на возачот на автобусот.
Возачот пребрзо возел и удрил во бандера покрај автопатот, по што автобусот се превртел.
Австобусот сообраќал од Лахоре во Фаисалабад, индустриски град во источната пакистанска провинција Пенџаб.