Во ракетен напад врз воена база во северниот дел на Мали повредени се 20 луѓе, меѓу кои 18 припадници на мировните сили на ОН.
-Шест мировници од мисијата МИНУСМА тешко се повредени во нападот, изјави портпаролот на ОН, Оливие Салгадо.
Станува збор за база во регионот Кигал што ја користат силите на ОН, Франција и Мали.
Засега никој не презеде одговорност за нападот.