(ВИДЕО) Ибрахимовиќ: Не сакав да го напуштам Милан во 2012 година

Од:

Златан Ибрахимовиќ и официјално веќе е фудбалер на Милан. Денес Ибра потпиша за „росонерите“ и беше претставен пред навивачите. Швеѓанецот ќе носи дрес со број 21. Златан изјави дека е во одлична форма и призна дека не сакал да го напушти клубот во летото 2012 година.

Во тоа време, Милан за последен пат стана шампион во својата историја, но ја продаде својата голема sвезда на ПСЖ.

Еве што рече Ибрахимовиќ на прес-конференцијата за време на неговата презентација:

Zlatan meets the fans at Casa Milan

? Ooooh Ibrahimović, Ibrahimović, Ibrahimović… ?(Imagine this with a full stadium ?)#IZBACK #SempreMilan

Posted by AC Milan on Петок, 03 јануари 2020

„Среќен сум што повторно играм за Милан. Овој клуб е во моето срце. Навивачите ме прават уште порадосен. Тие се исто така ентузијастички настроени, што ме прави исклучително среќен. Врската помеѓу нас е исклучително силна.

Јас сум во одлична форма и подготвен да играм за клубот уште денес. Морам да признаам дека не сакав да го напуштам Милан во 2012 година. Не се согласив со овој трансфер, но на крајот потпишав со ПСЖ.

Милан е мојот клуб. Јас го сакам овој клуб. Во срцето ми е. Важно е што повторно ќе играм во Милано. Имам 38 години, но можам да му дадам на Милан уште многу“, изјави Ибра.

Би можело да ве интересира

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

Србија ја победи Шведска, Ибрахимовиќ се збогуваше со фудбалскиот дрес

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

Златан Ибрахимовиќ и купи црква на мајка му за 9,24 милиони евра, станови на брат му и татко му

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска