Шест од седум милијарди луѓе во светот имаат мобилни телефони, но само 4,5 милијарди имаат пристап до тоалетите, поради што Обединетите нации започнаа кампања за помош на останатите 2,6 милијарди луѓе.
Заменик генералниот секретар на ОН, Јан Елијасон, ја најави глобалната кампања за подобри санитарни услови на луѓе кои, како што вели, живеат „во тивка катастрофа“ која го одржува сиромаштвото и нееднаквоста.
Елијасон рекол дека за тоалетите ретко се зборува во ОН. Тој порача решавањето на проблемот да започне веднаш, за да се постигне целта на ОН, што значи до 2015-та година да се прополови бројот на луѓе кои немаат пристап до санитарни простории.
Јасна Атанасова