Кинеска чинија купена за два, продадена за 2,2 милиони долари

Од:

Кинеска чинија стара 1.000 години која е купена на распродажба во државата Њујорк за само неколку долари, на неодамнешната аукција е продадена за повеќе од 2,2 милиони.

Неименувано семејство од Њујорк купило во 2007 година „динг“ чинија со пречник од 12,7 сантиметри за три долари и ја чувале над својот камин, незнаејќи ја нејзината вистинска вредност, соопшти аукциската куќа „Садебис“.

После консултации со експерти, сопствениците чинијата од династија Сонг стара 1.000 години ја ставија на аукција. Садот бил проценет на 200.000 до 300.000 долари, но лондонскиот дилер Џузепе Ескеназ плати 2,22 милиони долари.

Аукциската куќа наведе дека единствената позната чинја со иста форма, големина и речиси идентични шари се наоѓа во колекцијата на Британскиот музеј во Лондон повеќе од 60 години.

– Чинијата е апсолутно е совршена. Нема ниедна пукнатина, оштетување или некоја друга несовршеност, рече Ескеназ кој бил подготвен  за предметот да издвои уште поголема сума.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска