Тодоров: Спортски гледано Естонија ни е шанса за пласман на ЕП, од неспортски аспект тоа е суспензија на Русија

Од:

Новоизбраниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров кажа каде ги гледа двете шанси за учество на Европското првенство во 2021 година.

– Кошаркарски, спортски гледано шансата е Естонија, додека неспортски гледано е Русија да не добие право за настап да директно да одиме на ЕП, но знаејќи колку јас имам среќа тоа нема да се случи, што значи ќе мора преку натпревари да ја оствариме целта. Сепак не значи дека ќе биде доволно подобар биланс со Естонија во двата меѓусебни дуела, бидејќи можни се изненадувања и на средбите со другите два противника, рече Тодоров на денешната прес-конференција.

Македонската репрезентација, покрај Русија и Естонија, за противник во квалификациската група ќе ја има и Италија. Италијанците како ко-домаќини имаат обезбедено директно учество на евро-шампионатот.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он