Првиот патнички воз, кој сообраќа преку Кримскиот мост денеска пристигна од Санкт Петербург во Севастопољ на Крим.
Железничкиот мост што ги поврзува Крим и Краснодарскиот регион за сообраќај е отворен на 23 декември.
Возовите ќе сообраќаат од Санкт Петербург до Севастопољ, а возењето трае околу 42 часа, како и помеѓу Москва и Симферопољ.
Со 19 километри должина тој е најдолгиот мост во Европа.