Иран повторно ги унапредува нуклеарните капацитети

Од:

Иран денеска претстави програма за преуредување на својот реактор за тешка вода Арак, со што ги прекрши ограничувањата за нуклеарни активности наметнати од меѓународната заедница.

Иранските државни медиуми објавија дека инженерите преминале на секундарен круг на Арак, објект изграден за производство на тешка вода, што се користи за да се забават реакциите во јадрото на нуклеарните реактори.

Шефот на иранската Агенција за атомска енергија, Али Акбар Салехи, изјави на државната телевизија дека денеска почнала изградбата на значаен дел од реакторот.

Техеран за краток период реактивираше делови од својата нуклеарна програма во знак на протест поради повлекувањето на САД од нуклеарниот договор што Иран го потпиша со светските сили во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава