Русија најави одговор на американските санкции

Од:

Руската Влада објави дека ќе возврати на санкциите на САД најавени за сите што работат на новиот гасовод Северен поток 2, што беше прекинато во саботата.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека наредил Владата да ги разгледа „можните ограничувања“ што би им биле наметнати на САД како одговор на санкциите.

Минатата недела американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон со кој се предвидуваат санкции против поединци и компании вклучени во гасоводот од Германија до Русија под Балтичкото Море.

Како резултат на тоа, швајцарска компанија чии бродови работат на гасоводот ја прекина работата во саботата.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави денеска дека Москва ќе преземе мерки за „реципроцитет“ во врска со санкциите на САД, што Русија ги смета за неприфатливи.

– Како и кога тоа ќе се случи останува прашање за националните интереси на Русија, изјави Песков, додавајќи дека Кремљ, сепак, се надева дека Северен поток 2 ќе биде завршен.

Би можело да ве интересира

„Фајненшл тајмс“: Резолуцијата за Украина ги обединува САД, Русија и Кина против Европа

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Песков: Познат е ставот на Москва за распоредувањето европски мировници во Украина

Путин: Русија сака Украина да стане пријателска држава, Зеленски нема шанси да биде реизбран

Горан Наумовски

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка