Поранешниот директор на најголемата термоелектрана во Словенија осуден условно на 10 месеци затвор

Од:

Основниот суд во Целје го осуди на условна казна од 10 месеци затвор, поранешниот директор на термоелектраната „Шоштањ“ Урош Ротник. Судијата го прогласи за виновен поради малверзација со имотни документи со цел да ја отежне работата на финансиската полиција.

Обвинителството бараше ефективна затворска казна од 18 месеци. Обвинителот Матеј Оштир кажа дека тие не се задоволни од пресудата и поради тоа ќе поднесат жалба. Тој смета дека поранешниот директор за делото кое го направил треба да добие затворска казна, а условната која ја изрече судот не било вистинска порака до јавноста која барала правда.

Инаку, ова е само една од повеќето тужби против поранешното раководство на термоелектраната „Шоштаљ”. Токму против Урош Ротник има судски процес за затајување на данок.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија