Претседателски избори во Хрватска: Милановиќ води пред Грабар-Китаровиќ со 2,72 отсто од гласовите

Од:

Според првичните неофицијални резултати на хрватската државна изборна комисија, на претседателските избори, од пребројани речиси 90 отсто од гласовите, во водство е Зоран Милановиќ за кого гласале 29.70 отсто од избирачите.

Втора според бројот на гласови е кандидатката на ХДЗ Колинда Грабар-Китаровиќ со освоени 26.98 отсто, со што ја намали разликата со Милановиќ која беше поголема во почетокот на пребројувањето на гласовите. Трет е независниот кандидат Мирослав Шкоро со 24.20 отсто.

Пребројувањето на гласовите продолжува.

Сосема е извесно дека Хрватска новиот претседател ќе го добие во вториот круг закажан за 5 јануари следната година.

Би можело да ве интересира

Уапсен e пратеникот Јосип Дабро

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер