Силниот ветер што од саботата дува во голем дел на Хрватска, во Далмација донесе обилни дождови и големи проблеми.
Oколу 9 часот наутро, областа помеѓу Арбанас и Рицин во Задар беше погодена од силен ветер и за само 15 минути откорнати беа дрвја а летаа и покриви.
Паднаа огромни чемпреси кои ветерот ги откорна од корен. Насилниот воздушен вител уништил цел дрворед. На терен се сите раположливи служби.
Олујниот јужен ветер, кој од вчера дува во Задар исто така откорна неколку стебла во широкото градско подрачје.
Невремето предизвика проблеми и во Шибеник, каде нивото на морето се искачи речиси до работ, а во Долац морето се прелева и поплави неколку патишта и објекти. Морето се излеа и во други крајбрежни градови, како Омиш, каде што има поплава.
Поплавени се и крајбрежјето на Хвар.
Во прекин се голем број поморски линии до јадранските острови.
Пороен дожд го зафати и северен Јадран, така што во подножјето на Кварнер беа измерени над 200 литри дожд на метар квадратен на неколку мерни станици. Ова значи дека за еден ден имало повеќе дожд на тие места отколку што инаку би паднал во текот на декември.