Поплавени објекти и реки пред излевање – силниот дожд продолжува да предизвикува проблеми во Словенија

Од:

Обилните дождови и силниот ветер втор ден предизвикуват проблеми во Словенија. Властите попладнево излегоа со предупредување за загрижувачки раст на водостоите на повеќе реки во централниот и јужниот дел на земјата.

„Жолта” алертна фаза за опасност од излевање на реките и поплави веќе е прогласена. Најкритично е во средниот тек на Сава, Љубљаница, Драва. Со вода забрзано се полнат и Крашките полиња.

Веќе се поплавени делови од приморјето, а на некои места на крајбрежјето длабочината на водата која се изли е 30 сантиметри.

Пожарникарите од 21 противпожарен дом, мораа по повик да се вклучат во испумпувањето на вода од повеќе домови, штали и деловни простории, пред се во општина Словен Градец. Според најавите на метеоролозите врежите од утре постепено ќе престануваат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија