Претседателот на Србија Томислав Николиќ, по повод вчерашната инаугурација на папата Франческо, се поздрави со косовскиот премиер Хашим Тачи, изјави денес Претседателството на Србија.
Со протоколарната комуникација со Тачи, претседателот на Србија искажа поддршка на преговорите што претседателот на владата на Србија, Ивица Дачиќ ги води со претставникот на привремените институции од Приштина – стои во соопштението.
Во соопштението се додава дека Тачи не е единствениот државник со кој Николиќ се ракувал протоколарно, туку и со германската канцеларка АнгелаМеркел,претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ, претседателите на Чиле, Словачка, Романија, Бугарија, Македонија и со премиерот на Црна Гора.
Елена Георгиевска