Словачка и го предаде на Албанија претседавањето со ОБСЕ за 2020

Од:

Албанија денеска и официјално од Словачка го презеде претседавањето со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за 2020 година.

Албанската мисија во Виена објави дека церемонијата на предавање на претседавањето со оваа организација се одржала на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена.

-Чекаме да го преземе претседавањето со ОБСЕ на 1 јануари 2020 година“,соопшти албанската мисија во Виена, заблагодарувајќи се на Словачка за напорите за време на претседавањето.

Албанија ќе претседава со ОБСЕ, која ја сочинуваат 57 земји-членки

Веста дека Албанија го презела претседавањето од Словачка на Твитер ја објави и овластениот министер за Европа и надворешни работи,Гент Цакај.

-Албанија ужива целосен капацитет ефикасно да ги постави приоритети на претседавањето и да ги исполни своите обврски кон земјите членки на одговорен начин, напиша Цакај.

Албанија од буџетот за 2020 година за претседавањето со ОБСЕ ќе издвои 4 милиони долари.

Претходно Еди Рама премиер и воедно министер за Европа и надворешни работи Еди Рама, претседавањето со ОБСЕ го оцени како историски момент за неговата земја.

Додаде дека во прв ред е голема одговорност да се предводи оваа меѓународна организација, но и извонредна можност да се направи Албанија да заблеска на чело на големата работа и посебните предизвици на ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија