Организаторот на релито Дакар најави дека следната година рутата на трката ќе се надополни и со етапи што ќе се возат низ Боливија.
Релито во 2014-тата година ќе стартува во Аргентина, а ќе заврши во чилеанскиот град Валпараисо. Досега натпреварувачите минуваа низ три земји и покрај Аргентина и Чиле се возеше и во Перу, а од следната година наместо во оваа земја натпреварувачите ќе минат низ територијата на Боливија.