Еден од тројца возрасни Американци кои умираат, имаат Алцхајмерова болест или некој друг вид деменција, објави Ју-Ес-Еј-Тудеј.
Бројот на смртни случаи од таа болест е зголемен за 68 отсто во изминатите десет години, се вели во податоци на здравствените власти во САД.
Истражувањето покажува дека Алцхајмеровата болест и деменцијата се на второ место како причина за смртни случаи кај лица постари од 65 години, веднаш зад срцевиот удар.
Според тие податоци, бројот на Американци со Алцхајмерова болест ќе се зголеми до 2050 година од сегашните 5,2 на 13,8 милиони. Торшоците за здравствено осигурување и лекување на таа болест до средина на векот ќе достигнат цифра од 1,2 трилиони долари. Засега нема лек ниту третман да се запре или успори дементноста кај старите лица.