Кралицата Елизабета е подготвена да плати и до 67 илјади долари на човекот кој би ги менаџирал нејзините профили на социјалните мрежи, а се со цел да се пронајде нов начин, како што и самата рече, да се одржи нејзиното присуство во јавноста и на светската сцена.
Кралското семејство, нагласи дека таа работа подразбира и анимирање на публиката ширум светот, а не само во Велика Британија и земјите на Кралството.
– Кандидатот би требало да раководи со мали дигитални тимови на стручни лица, би требало да ја креира содржината на нашите дигитални канали и да работи со колегите за континуирано да го подобрува нашето дигитално присуство, се наведува во соопштението.
Избраниот би требало да осигура, кралскиот дигитален канал да разбуди интерес и привлече публика и да ја зачува репутацијата и влијанието на ова семејство.
Лицето исто така би требало да биде искусно во користењето различни платформи за управување на содржината на социјалните мрежи и аналитичките алатки.
Менаџерот на социјалните мрежи би имал 33 дена годишен одмор вклучително и празници, бесплатен оброк, обука и придонеси за пензија.
Годишната плата би се движела од 45 илјади до 50 илјади фунти, зависно од искуството.