Италијанската енергетска компанија, Макафери е заинтересирана за вложување во Србија и изградба на хидроцентрала, па по тој повод денес претставници на фирмата одржаа состанок со премиерот на Србија, Ивица Дачиќ.
Од кабинетот на Дачиќ соопштија дека станува збор за реализација на енергетски договор помеѓу Србија и Италија, со кој е предвидена изградба на хидроцентрали на Ибра и во средна Дрина.
Како што се наведува Макафери е заинтересирана за понатамошна инвестиција во областа на енергетиката во Србија, било истакнато на состанокот со премиерот на Србија и делегацијата на компанијата, која ја предводел претседателот Гаетано Макафери.
Елена Георгиевска