Дачиќ: Прашањето за исчезнатите е услов за стабилен регион

Од:

Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека расветлувањето на судбината на повеќе од 12.000 исчезнати од Балканот е важен услов за стабилизација во сите држави на регионот, кои беа вклучени во судирите, соопшти владата на Србија.

Дачиќ со членовите на делегацијата на Меѓународниот Црвен крст разговараше за решавање на проблемот за исчезнатите.

Претставниците на Црвениот крст оценија дека владата на Србија, Министерството за внатрешни работи и Комисијата за исчезнати лица напредувала и воспоставила добра соработка со институциите во регионот, за да тоа болно прашање се реши што поефикасно.

Потребно е да се воспостави механизам за брза размена на информации за судбината на исчезнатите лица, беше истакнато на состанокот на Дачиќ со делегацијата на Црвениот крст.

Во делегацијата биле претставници на Меѓународниот Црвен крст, Лорен Корба, регионалниот координатор за исчезнати лица на Балканот, Лина Милнер и шефицата на регионалната канцеларија во Србија, Драгана Којиќ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ