На почетокот на мај нема да се работи скоро една недела во Србија, поради Празникот на трудот и Велигден. Поточно, оваа година србите нема да работат од среда на 1-ви мај до вторник 7-ми мај.
Во објаснувањето на српското Министерство за труд, стои дека празниците не се споени, туку се „календарски поклопени“.
„Според законот не се работи ниту вториот ден од Велигде, понеделник, така што првиот работен ден по празникот ќе биде вторник 7-ми мај“, објавија српските медиуми.