Вучиќ: За 6 месеци е направено повеќе, отколку за 5 години

Од:

Потпретседателот на владата на Србија, Александар Вучиќ во разговорот со пратениците од Германија, оцени дека Србија во изминатите шест месеци направи повеќе, отколку во претходните пет години.

-Се надевам и очекувам од Германија поголема поддршка на патот кон ЕУ, но и поддршка за економско заздравување на Србија – истакна Вучиќ во текот на разговорот со пратениците на владеачката германска коалиција.

Разгледани се и резултатите од дијалогот помеѓу Белград и Приштина, како и напредокот на реформите во Србија.

Германските пратеници ги изнеле своите видувања за ситуацијата во Србија и ја пофалиле работата на српската влада во одредени полиња, но изнеле и забелешки на работата на претставниците на власта, особено поради неоткриевање и казнување на сторителите на нападот на германската амбасада во Белград 2008 година.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ