Папата Френсис денеска откри дека ќе го задржи својот грб, кој го имал додека бил кардинал архиепископ на Буенос Аирес.
Грбот на плава позадина го има знакот на Исус во средина, под кој е ѕвездата што ја означува Марија и цвет лаванда што го означува Џосеф, иако обликот на цветот е сличен на грозје.
Поточно, во средината на грбот е означена Светата фамилија. Додека, од страните на грбот, наместо кардиналски знак, поставени се клучевите на Петар, епископски знак.
Мотото на Френсис останува истото додека бил кардинал Хорхе Марио Бергоглио, односно „Miserando atque eligendo“, што на латински значи „Бидејќи го виде со милосрди очи и го одбра него“ од евангелието на Матеј.
Јасна Атанасова